Веб дизајн
Веб дизајн

ВЕБ ДИЗАЈН

Денес, кога интернетот е достапен скоро за секого во Македонија, по многу пониски цени од почетокот, сите корисници бараат информации на интернет, без разлика дали сакат да купат нешто или да дознаат нешто повеќе за некоја компанија.
Поседувањето на интересна веб страница е важен сегмент во интернет презентацијата, за да можат посетителите да се задржат на страната подолго од едно кликање.


Покрај основните информации што треба да ги презентирате на Вашата страна, потребно е да содржи и информации за Вашите производи или услуги што ги нудите. По можност, цените се неодминлив дел на страната, за да можат посетителите да одлучат дали ќе ве повикаат или нема залудно да го трошат сопственното време, но и Вашето.

Истотака, денес се многу интересни презентациите на кои повремено се ставаат и нови информации од областа со која се занивава Вашата компанија.. Но, тоа не е секогаш можно и зависи од изработката на презентацијата.

 

Сепак, настојувајте тоа да биде динамична презентација, или ако се одлучите за статичка, направете договор компанијата што ја избработила презентацијата да прави повремени измени и дополнувања. Важен сегмент од ова е и бирањето на Хостинг сервери кои ќе Ви нудат квалитетна поддршка и ќе бидат 99% активни. Секако дека голема улога игра и цената, која за жал на македонските сервери е превисока. Сепак постојат Македонски компании кои нудат хостирање на сајтови на светски сервери по далеку поприфатливи цени, од македонските.
Покрај хостингот, потребно е да се одбере и соодветно име на интернет страницата, за да можат Вашите клиенти полесно да Ве најдат. Квалитетот на изработката не значи само интересен дизајн, ами вклучува и внатрешни сегменти во изработката кои не се видливи за корисниците, но се од големо значење за светските сервери за пребарување како Google, Yahoo,... параметри од кои многу зависи на кое место (и дали воопшто) ќе се најдете на листите за пребарувње.

 

 

Секако дека постојат голем број причини поради кои денес треба секоја компанија да има интернет страна, ние ќе наброиме неколку

  • Бизнис отворен 24 часа на ден
  • Настап на нови пазари и глобални клиенти
  • Интернетот е нервен систем на глобалната економија
  • Изградба на професионален имиџ
  • Подобрена грижа за клиентите
  • Заштеда на пари за принтање и дистрибуција
  • Можност за детално опишување на она што го нудите
  • Зголемена продуктивност и профитабилност
  • Он-лајн продажба на производи и услуги
  • Стабилност
  • Градење на сопствен интернет идентитет
  • Промоција на производите и услугите
  • Повратна информација од клиентите
  • Претставување пред целиот свет
  • Заработка на пари преку веб страната
  • Одлично средство за регрутирање на вработени
  • Трансфер на податоци кон ограноците и дилерите
  • Вирусен маркетинг без дополнителни трошоци
  • Подобрена ефикасност на промовирањето
  • Едуцирање на клиентите

 

 

Задоволство ќе ни биде доколку се одлучите ГЛОБАЛ НЕТ да Ви ја изработи Вашата интернет презентација.
Пакетите кои ги нудиме се само основни пакети, и секако сите се прилагодуваат кон потребите на клиентите.

 

 

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМАМЕ НОВА ПРОМОЦИЈА ЗА ОВАА УСЛУГА !!!

Наша адреса:
ул. Беласица бр.2 (Скопски Саем)
1000 Скопје, Р. Македонија
Работно време:
Пон. до Пет. 8.30-16.30
Викенди: Неработни
Телефони:
T-HOME > 02 3172 808
MOBILE > 078 221 696

Каде се наоѓаме ?

Нашите нови канцеларии од 01 Ноември 2013 се наоѓаат во управната зграда на Скопски саем, на првиот кат, канцеларија бр. 216.


Зошто ја одбравме оваа локација ?

Во последните 2 години сменивме неколку локации во Скопје. Сепак приметивме дека Скопски саем е една од најдобрите од неколку причини:

 

1. Лесно не наоѓаат нашите клиенти и не треба нешто посебно да им објаснувме

2. Од центарот на градот сме оддалечени само 10мин.


3. На просторот на Скопски саем нашите клиенти можат да користат бесплатен паркинг, што не беше случај во центарот на градот.